Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer
Декабрь
2024

Новости за 18.12.2024

SlobodnaEvropa.mk 

Санкции од САД за Сташа Кошарац, лица и фирми поврзани со семејството Додик

Сташа Кошарац, министер за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина е ставен на листата на санкции на Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД, објави оваа институција денеска (18 декември). Кошарац е додаден на листата заедно со уште три лица и четири компании. За него, OFAC наведува дека тој често добива задача од Милорад Додик, претседателот на Република Српска и лидер на Сојузот на независни социјалдемократи кој е под санкции... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Починат маж и хоспитализирана жена во пожар во куќа во Скопје

Во пожар во куќа во Скопје што се случил ноќеска починало едно лице, а едно е хоспитализирано со симптоми на гушење.  Според соопштението на Министерството за внтарешни работи (МВР), на 18.12.2024 во 00.51 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Финска“ во Скопје настанал пожар во куќа, сопственост 71-годишник. Од МВР навдедуваат дека при гаснење на пожарот, од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје бил пронајден починат сопственикот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Паолучи: Загадениот воздух убива околу 2.800 македонски граѓани годишно

Граѓаните на Скопје и Тетово се изложени на значително повисоки нивоа на токсични честички (PM2.5), во споредба со лица од Западна Европа. Ова го истакна директорот на Светска банка за Косово и Северна Македонија, Масимилијано Паолучи, на конференција во Скопје за квалитетот на воздухот. Тој посочи и дека загадениот воздух годишно убива околу 2.800 жители во Северна Македонија, како и дека покрај напредокот од 1990-те, загадувањето на воздухот е сѐ уште високо, особено во зимските месеци. Според... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Францускиот суд ја потврди пресудата со која Саркози беше осуден за корупција

Највисокиот суд во Франција, Cour de Cassation, денеска (18 декември) ја потврди пресудата со која поранешниот претседател на таа земја, Никола Саркози, беше осуден за корупција и тргување со влијание. Саркози, кој ја водеше Франција од 2007 до 2012 година, поднесе жалба на пресудата од 2021, во која беше осуден на три години затвор. Како што пренесува Ројтерс, двегодишните казни биле условни, па Саркози една година ќе носи електронска нараквица за следење. Тој претходно беше прогласен за виновен... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ковачевски: Секогаш работев во согласност со законите

Поранешниот премиер, а сега пратеник во Собранието, Димитар Ковачевски изјави дека во целото негово работење и како премиер и како заменик-министер за финансии, се водел согласно законите. Неговата реакција следува откако МВР поднесе кривична пријава против осум лица, вклучително и против него, за „злоупотреба на службената положба и овластување“. „Се надевам дека институциите целиот тој процес ќе го водат на непристрасен и на професионален начин така како што треба. Она што можам да го кажам е... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Алармантен одлив на кадар во правосудството, намален број на решени предмети

Намален број на решени судски предмети, формална, но не и суштинска транспарентност во работата на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, како и значителен одлив на кадар од судството и јавното обвинителство, покажуваат извештаите на Коалиција „Сите за правично судење“ што беа презентирани на годишната конференција за презентација на анализите за 2024 година.  „Главните наоди во однос на судските постапки се во голема мера слични на наодите кои ги имавме минатата година со тоа што имаме... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Цената на струјата за домаќинствата ќе се зголеми за 0,92 отсто

Просечната цена на струјата за домаќинствата од 1 јануари ќе се зголеми за 0,92 проценти, објави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.  Во првиот блок, како што наведе, зголемувањето е 0,68 проценти, во вториот за 0,9 проценти, во третиот за 1,93 проценти, во четвртиот за 2,24 проценти, додека во евтината тарифа за 0,9 проценти.  „Тоа значи дека едно просечно домаќинство во државата кое има сметка од 2300 денари, зголемувањето ќе има зголемен трошок од 21 денар“... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Политички ветришта во ветерниците на „Алказар енерџи“

Фондот „Алказар Енерџи“ веќе регистрира компанија во земјава, која е во сопственост на офшор фирма регистрирана во Велика Британија. Од „Алказар“ велат дека тесно соработуваат во земјава со Стефан Пулејковски, име кое се поврзуваа ветерниците во штипско и пред 10 години, но и со ВМРО-ДПМНЕ.

SlobodnaEvropa.mk 

Претреси во скопско Арачиново: Пронајдени оружје и муниција

Претреси на повеќе локации во скопско Арачиново се дел од голема полициска акција која се одвивала во текот на ноќта и раните утрински часови. Според информациите кои досега ги потврди МВР, извршени се претреси на повеќе места, а акцијата е се уште во тек. „Утрово околу 01.30 часот од страна на полициски службеници од Единицата за брзо распоредување и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на локален пат од с.Орланци во правец кон с.Никуштак, во атарот на општина Арачиново, биле пронајдени еден пушкомитралез... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 45 загинати во циклон во Мозамбик

Бројот на загинати од циклонот Чидо во Мозамбик се искачи на 45, додека речиси 500 луѓе се повредени, објави во средата Националниот институт за управување со ризици и катастрофи. Институтот наведува дека циклонот донел ветрови кои дувале и до 260 километри на час, заедно со обилните врнежи, пренесува АФП. Според податоците на Институтот, повеќе од 181000 луѓе биле погодени од невремето. Циклонот погоди дел од северниот дел на Мозамбик, област која редовно е погодена од циклони, која според АФП е веќе ранлива поради конфликти. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Херцог се сретнал со специјалниот пратеник на Трамп за заложниците

Израелскиот претседател Исак Херцог се сретна со Адам Болер, специјален пратеник на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за прашања на заложниците во неговата официјална резиденција во Ерусалим. Како што јавува агенцијата ДПА, ова е дополнителен знак за напредок кон прекин на огнот во Појасот Газа. САД заедно со Египет и Катар со месеци се стремат да ја прекинат војната во Појасот Газа. Тимот на Трамп сега игра клучна улога пред неговата инаугурација на 20 јануари. Војната почна по терористичките... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Борисов: Многу процеси за Северна Македонија се одвиваа без учество на Бугарија

Поранешниот бугарски премиер и лидер партијата ГЕРБ, Бојко Борисов изјави дека вчера разговарал со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта за состојбата на државата на меѓународен план, но и за случувањата во врска со соседна Република Северна Македонија, пренесе БТА. „Од разговорот (со Кошта) разбрав дека во текот на овие години имаше многу процеси за Северна Македонија во Брисел, во нашите партнерски земји во НАТО, без учество на Бугарија, и се изгуби многу време. Едноставно бев изненаден од објаснувањата што требаше да ги дадам. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ЕУ: Отворањето на кластерот 3 зависи од позициите и на Белград и на Брисел

Во писмото до Србија, Европската Унија (ЕУ) потврди дека отворањето на кластерот 3 зависи од усвојувањето на преговарачките позиции и од Белград и од Брисел и дека тоа не го одредува напредокот во преговорите за дадените поглавја. „ЕУ укажува дека отворањето на кластерот зависи од усвојувањето на преговарачките позиции од поглавјата 10, 16 и 19 од двете страни и дека тоа не го нарушува идниот напредок во преговорите за овој кластер“, се вели во писмото што ЕУ го испрати до Србија на 17 декември. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Распишани меѓународни потерници по Груби и Бајрами

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународни потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и директорот на Државна Лотарија Перпарим Бајрами кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра од Државна лотарија.  Јавното обвинителство на 17 декември соопшти дека ќе побара од Министерството за внатрешни работи да распише потерница по овие две лица на кои Основноот кривичен суд им определи мерка притвор од 30 дена.  Двете лица се недостапни за органите на прогонот.  Груби во... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Во Скопје расте бројот на вакцинирани против ХПВ

За периодот јануари - јуни 2024 година со прва доза вакцина против ХПВ во Скопје се вакцинирани 564 лица или 83,7 отсто повеќе од истиот период лани, според Институтот за јавно здравје. Но опфатот на ниво на држава опаднал. Вакцината е задолжителна и за момчињата, но нема податоци колку се вакцинирани

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на Советот на Европа во Грузија поради протестите

Шефот на Советот на Европа Ален Берсет на 18 декември отпатува за Грузија поради тековните протести против владејачката партија Грузиски сон по нејзината еднострана одлука да ги одложи преговорите со Европската Унија (ЕУ). Демонстрантите, исто така, повикаа на нови избори по наводите за изборна измама за време на парламентарните избори во октомври, чии резултати опозицијата одби да ги признае поради обвинувањата дека Грузиски сон ги наместил изборите за да остане на власт. Берсет во изјавата... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Старо-нова концепција за повеќе знаење на основците

Министерството за образование објави дека се направени измени во актуелната концепција за основно образование кои ќе се применуваат од следната учебна година. Според нив историја, географија, биологија, физика и хемија се враќаат како посебни предмети во наставата за основците. Од моменталната концепција се задржуваат дополнителните и додатни наставни обврски како и изборните предмети, преку кои учениците ќе може да стекнуваат повеќе знаења и вештини.

SlobodnaEvropa.mk 

Четиринаесет загинати во земјотресот во Вануату, се трага по преживеани

Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала што го погоди Вануату во вторникот (17 декември) се искачи на 14, додека тимовите за пребарување минуваат низ купишта урнатини за да се обидат да ги лоцираат преживеаните. Други 200 се згрижени со повреди, а во текот на ноќта биле забележани силни последователни потреси. Двајца од загинатите се кинески државјани, изјави кинескиот амбасадор во Вануату Ли Мингганг за државните медиуми. Во земјотресот биле оштетени згради... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Измените на Законот за јавните набавки пред Комисијата за финансирање и буџет

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, во прво читање денеска (18 декември) е на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет.  Како што се наведува во причините за носење на изменитe и дополнувањата, во законот се вршат одредени интервенции со цел постигање на чекорите планирани со Реформската агенда во рамки на Планот за раст за Земјите од Западен Балкан. Како дел од Реформската агенда се предвидени повеќе реформи во делот на управувањето со јавните финансии... Читать дальше...




Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *