Туск ја продолжи турнејата низ Централна Азија со посета на Казахстан
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск ја продолжи турнејата низ Централана Азија со посета на Казахстан каде се сретна со привремениот претседател Касим Зомарт Токаев.
По средбата Токаев изјави дека неговата земја ќе продолжи на патот кон сеопфатно и конструктивно партнерство со ЕУ. Туск го нарече Казахстан важен и стабилен партнер не само во регионот, туку и на глобално ниво.