Иран го одбележува „Денот на Ерусалим“
Во Иран денеска се одбележува „Денот на Ерусалим“ кој беше воспоставен по исламската револуција во 1979 година во знак на поддршка за Палестинците. Протестите се одржуваат во низ целата земја, како и во Ирак и Либан и најчесто се против САД и Израел.
Се очекува во Иран на протестите да учествуваат милиони луѓе. Настанот се случува во услови кога администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да го објави предлогот за постигнување мировен договор на Блискиот Исток.