Пендаровски: Тензиите на Косово нема да влијаат врз безбедноста
Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека не очекува последните тензии во Косово да имаат влијание врз безбедносната состојба во земјава. Според него, проценките на надлежните институции се дека состојбата се смирува.
Пендаровски за време на посетата на МО и на Генералштабот на Армијата во врска со идејата за размена на територии и корекција на границите меѓу Косово и на Србија, порача дека не може да замисли нешто пострашно да се случи. Тој истакна дека во денешниот модерен свет мора со дијалог и со компромис да се решаваат сите проблеми.