Димитров: Датум за преговори за зајакнато влијание на ЕУ во регионот
Министерот за надворешни работи Никола Димитров смета дека ако ЕУ не и даде зелено светло на Северна Македонија за отворање на пристапните преговори, тогаш тоа би имало негативно влијание и би и наштетило на веродостојноста на Унијата во регионот.
Тој во интервју за виенскиот весник „Стандард“, оценува дека признавањето на напредокот на земјата би го зајакнало европското влијание во регионот и би се испратила порака до другите држави дека се наградуваат храбрите одлуки и резултати.
Димитров истакнува и дека Северна Македонија веќе 14 години е затворена во чекалната на ЕУ и оти сега државата сака да ги почне преговорите бидејќи тие се најдобар инструмент за реформа.