Столтенберг и Североатланскиот Совет во посета на Скопје во недела
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и Северноатлантскиот Совет на 2 и 3 јуни ќе ја посетат Северна Македонија.
Во недела прво ќе допатува Столтенберг и неговиот кабинет, а час подоцна со друг авионски лет и останатите членови на делегацијата која брои околу 40 луѓе, меѓу кои и 29 амбасадори на земјите членки на НАТО.
Тие ќе имаат средби со државниот врв во врска со процесот на реформите и пристапување на земјата во Алијансата
Столтенеберг и високите претставници на НАТО доаѓаат во прва посета на Скопје по потпишувањето на протоколот за членство на земјата во Алијансата.
Претходната посета на Советот на НАТО била во 2003 година, предводена од тогашниот генерален секретар лорд Џорџ Робертсон, кога биле дојдени за да нè поддржат во обезбедување на стабилноста и сигурноста, како и за имплементацијата на Охридскиот рамковен договор.