Анѓушев: Приливот на странски инвестиции е 78,8 милиони евра, за Мицкоски бројките се помали
Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска изјави дека во првите три месеци влегле вкупно 78,8 милиона евра странски капитал во земјава.
„Оваа година само во првиот квартал се 78,8 милиона евра, а просекот од претходните седум години изнесува 15,6 милиони евра или во 2019 година директните странски инвестиции, директните пари донесени за градење фабрики во државата се пет пати повеќе од овој просек. Најдобра година во претходните осум години е 2012 кога таа бројка е 34,7 милиони евра, а во 2019 година првиот квартал е за 227 проценти подобар од најдобрата година во претходните осум“, изјави Анѓушев на пресс конференција.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со објава на Фејсбук реагираше на прес конференцијата на вицепремиерот Кочо Анѓуше
Мицкоски наведе дека во првите три месеци од годинава има само 21 милион евра странски директни инвестиции, и доплни дека тоа е најлош прилив во последните 10 години.