Помпео: Германија е голем и значаен партнер на САД
Американскиот државен секретар Мајк Помпе ја нарече Германија "голем, и важен партнер и сојузник на САД", денеска за време на разговорите со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.
Посетата на Помпео беше закажана претходно овој месец, но беше откажана во последен момент поради тензиите околу Иран.
Берлин и Вашингтон имаат разлики за голем број прашања, меѓу кои за иранската нуклеарна програма, трошоците за одбраната на НАТО и проектот Nord Stream 2 помеѓу Германија и Русија.
"САД е и останува нашиот најважен партнер надвор од Европа", изјави Меркел пред новинарите пред состанокот. Помпео претходно разговараше за Иран со германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас, кој му рече на американскиот дипломат дека Германија има "исти цели" како САД. Берлин, рече Мас, сака да го спречи Иран да развива нуклеарно оружје, но дека станува збор за "различни пристапи".