Уапсен поранешен член на кабинетот на претседателот на Киргистан
Поранешен член на кабинетот на претседателот на Киргистан е уапсен под обвинение за корупција. Државниот Комитет за национална безбедност соопшти дека Манасбек Арабаев, поранешниот шеф на телото за судски реформи при кабинетот на претседателот е во притвор.
Арабаев работеше во кабинетот на поранешниот претседател Алмазбек Атамбаев долги години, а беше отпуштен во мај минатата година, шест месеци откако новиот претседател Соронбаи Јиенбеков беше инаугуриран. Неколку соработници на Атамбаев беа уапсени под обвиненија за корупција откако тој ја напушти функцијата во декември 2017 година.