Појасна слика за реконструкција на Владата до крајот на неделата
Генералниот секретар на СДСМ и министер за земјоделство Љупчо Николовски изјави дека во тек се консултациите на премиерот Зоран Заев со коалициските партнери и тој очекува до крајот на неделата да има сериозен исчекор за концептот на работата на Владата и предлозите што премиерот треба да ги достави до Собранието.
„Сите кадровски преструктуирања односно зголемувањето на потенцијалот на капацитетите продолжува на сите нивоа и партиски и на ниво на Влада, и не само на министерско, туку и во останатите ешалони. Паралелно се одвиваат сите активности, но очекувам дека претседателот на Владата ќе ја информира јавноста во текот на следните денови за исходот од првичните одлуки за реконструкцијата на Владата“, рече Николовски, одговарајќи на новинарски прашања.