Кралицата Елизабета ги прими Трамп и неговата сопруга Меланија
Кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс го примија американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија во Бакингемската палата на почетокот на неговата тридневна посета на Британија. Тие ќе имаат и заеднички ручек, а потоа Трамп и неговата сопруга ќе присуствуваат на државниот банкет.
Пред неговото пристигнување, Трамп изјави дека поранешниот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, би бил одличен избор за наследник на премиерката во заминување Тереза Меј. Тој исто така, сугерираше дека наследникот на Меј ќе отстапи од разговорите со Брисел и Британија ќе ја напушти ЕУ без договор.