Во бомбашки напад на автобус во Авганистан загинаа 5 лица
Во експлозија на бомба поставена на автобус кој превезувал владини работници во Кабул загинале најмалку 5 лица, а 10 се повредени, соопштија авганистанските власти. Се уште никој не презема одговорност за нападот, кој се случил по неколку часови, откако министерството за внатрешни работи најави поголеми безбедносни мерки за прославата на Размазан. Во четири бомбашки напади кои се случија вчера загинаа две лица, а повредени беа 27.