Авионот со ракометарите ќе доцни, во Скопје ќе слета во 20.30 часот
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов преку Фејсбук соопшти дека поради административни причини авионот со ракометарите на „Вардар“ од Келн ќе доцни и во Скопје ќе слета во 20:30 часот.
Градот вечерва организира пречек на ракометарите и прослава на плоштадот Македонија.
Првично беше најавено дека чартерот во Скопје ќе стигне во 16.15, а подоцна беше соопштено дека ќе слета во 18:50 часот.