Азербејџан го одложува купувањето Боинзи поради безбедносни причини
Азербејџанскиот авиопревозник АЗАЛ соопшти дека планира да го одложи договорот вреден 1 милијарда долари со Боинг за набавка на 10 авиони Боинг 737 МАКС, по фаталните несреќи на овие авиони во Етиопија и во Индонезија. Портпаролот на АЗАЛ претходно денеска изјави дека компанијата одлучила да ги одложи набавките поради „безбедносни причини“.
Многу земји во светот ги приземјија најпродаваните модели на Боинг, 737 МАКС, или им забранија да летаат низ нивниот воздушен простор, по уривањето на авионот на Етиопиан Ерлајнс по полетувањето од Адис Абеба на 3 март при што загинаа сите 157 патници и членови на екипажот. Тоа беше втора фатална несреќа на овој тип авион, откако во октомври авион на Лајон Ер падна во океанот кај Индонезија, убивајќи 189 луѓе.