Уште двајца француски државјани осудени на смрт во Ирак
Судот во Багдад изрече смртни пресуди за уште двајца француски државјани, осудени за припадништво во екстремистичката организација Исламска држава, изјави неименуван ирачки функционер. Тој рече дека на смрт биле осудени 41-годишниот Мурад Мохамед Мустафа и 32-годишниот Билал Абдел-Фатах.
Тие биле во групата од 12 државјани на Франција, припадници на Исламската држава, кои беа уапсени од Сириските демократски сили, поддржани од САД, по што во јануари беа екстрадирани во Ирак.
Досега не е извршена ниедна од десетте смртни казни изречени за француски државјани во Ирак во изминатите денови.
Франција ги интензивира дипломатските напори за да спречи погубување на нејзините државјани.