Шведскиот суд го одби барањето за притвор за Асанж
Шведскиот суд го одби барањето за притвор во отсуство за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, поради обвинувањето за силување од 2010 година. Шведското обвинителство поднесе барање до судот во Упсала за притвор за Асанж, кој во моментов е во притвор во Велика Британија, што е прв чекор кон барањето екстрадиција. Австралиецот Асанж ги негира обвинувањата. Тој беше уапсен од британската полиција во април откако помина седум години во Еквадорската амбасада во Лондон. Потоа беше осуден на 50 недели затвор поради прекршувањата на условите да се брани од слобода.
Минатиот месец, шведските власти повторно ја отворија истрагата за наводното силување, која беше затворена во 2017 година, откако Асанж се засолни во амбасадата на Еквадор во Лондон.
САД исто така бараат екстрадиција на Асанж поради објавувањето доверливи информации.
На 30 мај британските власти го одложија рочиштето за барањето на САД за екстрадиција, бидејќи Асанж беше премногу билен за да учествува преку видео врска. Новото рочиште е закажано за 12 јуни.