Зариф: ЕУ не е во позиција да го критикува Иран
Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, изјави дека Европа не е во позиција да го критикува Техеран за воените капацитети и ги повика европските лидери да ги нормализираат економските врски со Исламската Република Иран, без оглед на санкциите на САД, објавија светските новински агенции.
„Европејците и другите потписнички на нуклеарниот договор треба да ги нормализираат економските врски со Иран. Ние ќе ги прекинеме нашите обврски или ќе преземеме мерки во согласност со нивните“, рече Зариф.