Казахстан денеска избира претседател
Гласачите во Казахстан денеска го избираат наследникот на Нурсултан Назарбаев, кој ја водеше државата од добивањето независност, објавија светските новински агенции. Предвремените претседателски избори беа закажани откако Назарбаев неочекувано поднесе оставка во март.
Се очекува дека в.д. претседателот Касим-Жомарт Токаев да победи на изборите на кои учествуваат уште шестмина кандидати, објавуваат новинските агенции и локалните медиуми.