Мајкрософт избришал 10 милиони фотографии од системот за препознавање лица
Компанијата Мајкрософт избриша огромна база на податоци која содржи 10 милиони фотографии кои се користат за “обучување” на системот за препознавање лица, објави Фајненшал тајмс.
Според весникот, базата на податоци постои од 2016 година и е изработена од онлајн фотографии на 100.000 добро познати луѓе. Се верува дека се користи за “обучување” на системи за идентификување лица, користени од полицијата и армијата.
Ова следува откако компанијата ги повика американските политичари подобро да ги регулираат системите за препознавање лица.