Бабиш: Eвропските политичари да го одржат својот збор кон Северна Македонија
Скопје и Атина успеаја да најдат заеднички јазик, постигнаа компромис за спорот за името. Вие како држава го сторивте своето, одржавте референдум, го сменивте името, го сменивте Уставот, спроведовте реформи, а сега европските политичари кои ви ветија дека откако ќе го сторите тоа ќе бидат отворени преговорите со Европската Унија, мора да го одржат својот збор.
Ова го порача денеска во Скопје чешкиот премиер Андреј Бабиш на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев и порача дека земјава има поддршка и од Вишеградската група. Според него, доколку европските политичари не го одржат својот збор тоа ќе дејствува демотовирачки за граѓаните и за целиот регион.
Заев му изрази на Бабиш благодарност за поддршката на неговата земја за ова лето да добиеме датум за преговори, нагласувајќи оти тоа е важно не само за Северна Македонија, туку и за регионот и Европа. Тој додаде дека определувањето датум не значи само награда за државата, туку и ја подразбира и принципиелноста на ЕУ.