Ослободени 44 лица од затвор раководен од талибанците во Авганистан
Авганистанските специјални сили спасиле 44 лица од затвор кој бил раководен од талибанците во северната покраина Бахлан. Локалните власти соопштија дека меѓу ослободените затвореници има цивили и припадници на безбедносните сили.
Талибанците се уште не објавија коментар за операцијата. Минатиот месец мисијата за помош на ОН во Авганистан соопшти дека затворениците држени од милитантната група биле лошо третирани и подложени на тортура.