Мемети: Правосудството не се подобрува само со промена на закон
Народниот правобранител Иџет Мемети изјави денеска дека правосудството во државата треба да е столбот или гарантот на функционирањето на системот, при што како што порача, малку се прави за подобрување на таквите системи.
„Не можеш да го подобриш правосудниот систем само со промена на закон. Факт е дека од тука почнуваат промените, но за да имаш сериозни промени треба сериозни анализи за состојбите што за жал кај нас при надградба на било кој систем многу малку се прават“, изјави Меџити.
Според него, трендот и заложбите на властите за подобрување на системите треба да биде постојан. Тој додаде дека не се проблем само кадровските капацитети во судската власт, туку проблем е и фундаментот, мрежата, начинот и условите.