Град Скопје избра нов концесионер за депонијата Дрисла
Советот на Град Скопје на денешната седница донесе одлука со која за нов концесионер на депонијата „Дрисла“ е избран конзорциумот предводен од германската фирма „Шолц’, хрватската „Ц.И.О.С“ и македонската „Сплендор“.
„Со ваквата одлука се овозможува да се стави крај на агонијата на граѓаните на Скопје со депонијата „Дрисла“ и се создава можност за започнување процес на инвестиции и модернизација на депонијата „Дрисла“, која во иднина ќе прерасне во модерна депонија во која ќе се одложува и третира отпадот по највисоки светски стандарди“, соопшти Град Скопје.
Таквата одлука, според соопштението, следува по судска пресуда на Вишиот управен суд.