Во ракетен напад на аеродром во Саудиска Арабија повредени 26 цивили
Во ракетен напад на јеменските бунтовници Хути на аеродром во јужниот дел на Саудиска Арабија повредени се 26 цивили. Меѓу повредените има три жени и две деца.
Според соопштението на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија, нападот е доказ дека Хутите обезбедиле напредно оружје од Иран. Бунтовните претходно потврдија дека го извршиле ракетниот напад на аеродромот.