Српската опозиција продолжува со протести и со бојкот на Собранието
Опозициските пратениците во Собранието на Србија, потписници на Договорот со народот од протестите „1 од 5 милиони“, денеска најавија дека ќе продолжат со бојкот на Парламентот и со протестите сè додека не добијат гаранции дека ќе се нормализира собраниската работа, не се „ослободат медиумите“ и не се спроведат фер избори.
Со соопштение денеска се огласи и опозициското Движење на слободните граѓани (ПСГ), кое ја повика српската премиерка Ана Брнабиќ да се произнесе за однесувањето на министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ во ОН.
„Примитивното и невоспитано однесување на Дачиќ не е само негов личен проблем. Тој е првиот човек на српската дипломатија, тој ја претставува Србија во светот и секогаш не изненадува со ново ниво на примитивизам, што ја уништува репутацијата на Србија во меѓународната заедница. Да се нарекуваат Американците колонизатори на сред Њујорк, е фантастичен „дипломатски потег“, подеднакво глупав и штетен, оценува во соопштението лидерот на ПСГ, Сергеј Трифуновиќ.