Заев: ЕУ ни вети ако испорачаме ќе напредуваме кон ЕУ
Премиерот Зоран Заев во интервју за германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ изјави дека ЕУ и шефовите на европските држави дале ветување дека доколку се реши спорот со Грција, земјата ќе напредува на патот кон ЕУ.
„ЕУ останува голем поттик за нас. Сакаме да се подобриме, како држава и како општество. Но исто така е точно дека ЕУ, канцеларката Меркел и многу други шефови на европски влади ни дадоа ветување во однос на решавањето на спорот со Грција и спроведувањето на внатрешните реформи. Ни беше речено: Исполнете вие, ќе исполниме ние“, порачува Заев.
Заев кој денеска е во посета на Берлин додава дека недобивањето датум за преговори ќе го засили влијанието на трети држави, а постои можност тој да го загуби мнозинството во Парламентот и да се одржат нови избори.