ВМРО-ДПМНЕ: Македонија не доби датум зошто нема реформи
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на изјават на премиерот Зоран Заев дадена по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Република Македонија за жал не доби датум за почеток на преговори овој јуни, наведуваат од опозициската партија, додавајќи дека “се додека Заев е на власт Република Македонија ќе трпи неуспеси”.
“Република Македонија не добива датум затоа што нема реформи, а криминалот и корупцијата добиваат епидемиски размери. Зоран Заев ја срами државата секаде каде што оди. Граѓаните и државата само трпат штети од неговите лаги и манипулации”, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека тие ќе продолжеле да работат за добивање датум за почеток на преговорите.
Заев по денешната средба рече дека Меркел го информирала оти Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија.