Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Европските министри ќе разговараат за почетокот на преговори во вторник

Во вторник министрите за надворешни и европски работи на земјите членки на ЕУ ќе заседаваат во Луксембург, а на дневен ред се извештаите за напредокот на земјите од Западниот Балкан и проширувањето.


Македонија и Албанија ќе бидат главна тема на преговорите во овој дел. Министрите треба да одлучат дали и кога овие две земји ќе ги започнат преговорите за членство во ЕУ, како што препорача Европската комисија на 29 мај во своите извештаи.


Досега не е постигнат консензус помеѓу земјите членки за заклучоците на овој состанок, а на амбасадорско ниво во Брисел интензивно се водат консултации и се расчистува патот до компромис изминативе денови. Според дипломатите во Брисел, голем број земји членки сметаат дека е потребна позитивна одлука за двете земји веќе во јуни, додека други сметаат дека одлуката треба да се одложи за на есен, пренесува МИА.


Во отсуство на компромис, одредени земји на ЕУ предлагаат да се надмине овој ќор-сокак во преговорите со тоа што би и се дало зелено светло на Северна Македонија, а одлуката за Албанија би се одложила во исчекување на поголем напредок во политичкиот дијалог со опозицијата и борбата против корупцијата и организираниот криминал, двете најслаби точки на Тирана.


Засега низ бриселските кулоари, пренесува МИА, кружат повеќе верзии на заклучоците кои би можеле да ги усвојат министрите во вторник, и во нив Албанија и Северна Македонија не се раздвојуваат, а се дава заложба за конечна позитивна одлука во септември 2019. Но, преговорите помеѓу министрите во вторник допрва можат да донесат промени и изненадувања, брифираат дипломатите во Брисел, а одвојувањето на Скопје и Тирана не се исклучува.


Одлуката што ќе ја донесат министрите во вторник потоа ќе треба да биде потврдена од страна на шефовите на држави и влади на ЕУ на Европскиот совет на 20 и 21 јуни во Брисел.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *