Рохани: Ситуацијата е критична, потписниците да го спасат нуклеарниот договор
Иранскиот претседател Хасан Рохани по средбата со новиот француски амбасадор во Техеран денеска повика на итно спасување на нуклеарниот договор, кој беше на работ на колапс по повлекувањето на САД минатата година.
„Моменталната ситуација е многу критична и Франција и другите потписници се уште имаат многу ограничена можност да одиграат историска улога за спасување на договорот“, изјави Рохани.
Според него, колапсот на договорот нема да биде во корист на Иран, на Франција, како и регионот и светот. Иранската атомска агенција претходно соопшти деказемјата во наредните 10 денови ќе ги зголеми резервите на ураниум кои се утврдени со нуклеарниот договор.