Советот на Европа „силно осуди“ извршување смртна казна во Белорусија
Парламентарното собрание на Советот на Европа „остро го осуди“ пријавеното тајно извршување на смртна казна во Белорусија, додека случијот на егзекутираното лице се уште се разгледува во Комитетот за човекови права на Обединетите нации (УНХЦР).
Генералниот известувач на Советот на Европа за укинување на смртната казна Титус Корлатеан, денеска изјави дека со егзекутирањето на Александар Жилника во претходните денови „Белорусија уште еднаш покажа дека не ги почитува целосно основните човекови права и оти нејзината употреба на смрттната казна продолжува да го спречува развојот на подлабоки односи со СЕ.“
„Го повторувам мојот повик до белоруските власти да воведат мораториум на смртната кзна, како итно прашање, и како прв чекор кон целосно нејзино укинување. Тоа е единствениот пат напред“, вели Корлатеан.
Центарот за човекови права „Вјасна“ во Минск на 13 јуни ги цитираше роднините на Жилника како велат дека неговата смртна казна е спроведена. Останува нејасно дали е егзакутиран Вјачаслав Сухарка, кој е второто лице во овој случај.