За Грција одлуката на ЕУ не е најидеалниот чекор, но е позитивен
Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос изјави дека фактот што дискусијата во ЕУ за Северна Македонија ќе започне од октомври можеби не е најидеалниот чекор што го очекувале, но е позитивен.
Тој во интервју за „Еуроњуз“ на грчки јазик додаде дека е прашање на кредибилитетот на ЕУ да одговори на сите овие важни чекори преземени од Северна Македонија. и тоа каква порака се испраќа до земјите кандидати за членство во Унијата.
„Бидејќи, каква порака испраќаме до сите земји кои сакаат да се интегрираат во ЕУ, спроведуваат многу тешки внатрешни реформи за да се прилагодат на европското законодавство, а од друга страна се обидуваат на најдобар можен начин да ги решат соседските прашања, како што направи Северна Македонија? Сепак, сметам дека фактот што дискусијата ќе започне од октомври е еден прв чекор. Можеби не е најидеалното што го очекувавме, но е позитивен чекор“, вели Катругалос.