Министри и пратеници ќе ја поддржат Парадата на гордоста
Дел од министрите и пратениците најавија дека ќе ја поддржат Скопје Прајд Парадата и ќе учествуваат во самиот настан, соопштија активисти од организацискиот одбор на прес конференција. Организаторите очекуваат голема посетеност и од соседните земји следната недела кога ќе се одржи Парадата на гордоста.
„Скопје Прајд е сигурен и безбеден настан за сите, па ги повикувам ЛГБТИ луѓето, поддржувачите, и сите граѓани и граѓанки кои се залагаат за еднаквост и инклузивност, да ни се придружат.“ изјави Антонио Михајлов од организацискиот одбор.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски кој нагласи дека се преземаат сите мерки за сè да помине во најдобар ред и дека МВР ќе санкционира какви било инциденти.
Во меѓувреме од Здружението ЛГБТ Јунајтед Тетово, соопштија дека не ја подржуваат Парадата на гордоста .
„Целото членство и поддржувачи насочија дека не ја поддржуват Парадата на Гордоста во Скопје, потенцирајќи дека проблемите и предизвиците на ЛГБТИ Заедницата се од друг карактер и дека Парадата само ќе предизвика поголема омраза кај генералната популација. Да потенцираме дека нашето членство и конституенти се припадници од сите националности во Северна Македонија, кои воглавно живеат надвор од главниот град каде што нивните предизвици и проблеми се многу поразлични од тие во главниот град, “се вели во нивното соопштение.