Пратениците в среда ќе дебатираат за владината реконструкција
Претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа за в среда во 11 часот седницата на која пратениците ќе го разгледуваат предлогот за владина реконструкција кој денеска попладне го достави премиерот Зоран Заев, соопштија од кабинетот на Џафери.
Во предлогот кој е објавен на интернет страната е наведено дека за членови на Владата се предложени следните кандидати: Заев за министер кој ќе раководи со министерството за финансии, Трајан Димковски за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Милевски за министер за локална самоуправа, Хусни Исмаили за министер за култура и Насер Нуредини за министер за животна средина. Со новото министерство за политички систем се предлага Садула Дураку.