Масовни антивладини протести во Прага
Со барање за оставка на чешкиот премиер Андреј Бабиш на улиците во Прага се собраа околу 250 илјади демонстранти, велат организаторите на протестот. Демонстрантите бараат оставка од премиерот поради корупција и злоупотреба на европските фондови за свои лични бизнис интереси. На протестите имаше демонстранти кои со своите деца вее знамиња од ЕУ и Чешка. Еден од организаторите на протестот Микулас Минарод асоцијацијата Милиони моменти за демократија во обраќањето на протестот изјави дека е неприфатливо за европска земја да има премиер кој се соочува со кривично гонење.
„ Нашата земја се соочува со многу големи проблеми кои Владата не ги решава, затоа што единствена грижа на премиерот е како да излезе на крај со неговите лични прашања. Неприфатливо е да имаме премиер кој се соочува со кривично гонење и е поранешен агент на тајната полиција на некогашната Чешкословачка, кој е олигарх што поседува медиуми и добива субвенции кои исто така се плаќаат од џебот на нашите даночни обрзници“ вели Минар.