Кремљ најави средба на Путин и Трамп на самитот на Г20 во Јапонија
Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретнат за време на самитот на Г20 во Јапонија во текот на неделава и ќе разговараат за контрола на оружјето и ситуацијата на Блискиот Исток, вклучително и Иран.
Според најавите, средбата ќе се одржи за два дена и ќе трае околу еден час во зависност од лидерите. Се уште нема потврда од американските власти за средбата, иако двете страни покажаа интерес за нејзино одржување на самитот во Осака.