САД со предупредување до Турција за воведување на санкции
Вршителот на должноста американски секретар за одбрана Марк Еспер го предупредил денеска неговиот турски колега Мевљут Чавушоглу дека купувањето на рускиот ракетен систем С-400 не само што ќе стави крај на учеството на Анкара во програмата за борбени авиони Ф-35, туку ќе и штети на економијата на земјата со воведувањето на санкции на САД.
Еспер се сретнал со Чавушоглу на маргините на средбата на НАТО во Брисел. Турција соопшти дека Русија ќе почне со испораката на ракетниот систем во наредниот месец.