Борисов го спореди Делчев со Че Гевара
Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска, зборувајќи на економскиот форум во Пловдив, Бугарија, го спореди Гоце Делчев со Ернесто Че Гевара. Според бугарскиот премиер Делчев е цел на коментари, што како што рече, било жално.
„Затоа што тоа е еден бугарски херој, кој сакал, кој се жртвувал, кој вложил се што има за слободата на Македонија. На истиот начин, еден Че Гевара, кој по националност е Аргентинец отишол да војува за слободата на Куба“,рече Борисов.
Тој изрази надеж дека со колегите од Северна Македонија во Комисија за историјата, најбрзо што може, како што рече, ќе се усвојат неопходните заклучоци, за да можело да се почитува Договорот за добрососедство и да продолжеле да ја поддржуваат земјава за членството не само во НАТО, туку и во Европската унија.