ОЈО ќе го истражува случајот со Дудуш по пријава од МВР
„Надлежен јавен обвинител издаде наредба за вештачење на мобилни телефонски апарати на две лица – на градоначалник на една скопска општина и на лице споменувано во снимениот материјал. Телефонските апарати ќе се вештачат заради црпење податоци од меѓусебната комуникација на овие две лица и за утврдување дали на нив постојат неовластено снимани материјали“ се вели во соопштението на Јавното обвинителство.
Оттаму посочуваат дека истовремено до мобилните оператори е издадено барање за обезбедување на листинзи од телефонските броеви за да се утврди меѓусебната телефонска комуникација на двете лица.
Доколку се обезбедат потребните докази СВР Скопје е задолжено да поднесе кривични пријави против сторителите на тие кривични дела, велат од обвинителството.