Мета ги презакажа изборите во Албанија за 13 октомври
„Двете причини зошто се одлучив за овој датум, е тоа што тој е најкус рок за организирање сеопфатни локални избори и тоа што, како што истакнав на 8 јуни, кога ја потпишав уредбата за одложување на изборите, станува збор за гарантирање на континуитетот на европската интеграција, а не за одвојување на Албанија од Северна Македонија за отворање на преговорите. Изгубивме многу време, но за среќа на агендата на ЕУ е да донесе одлука за отворање на преговорите во октомври, а средбата е на 18 октомври“, изјави Мета.
Албанскиот премиер Еди Рама преку Твитер реагираше на одлуката на Мета и порача дека 30 јуни е единствен датум на изборите.