Шекеринска: Сите НАТО членки ќе го ратификуваат Протоколот во следните три месеци
„Имате фактор икс и на тоа мора да внимаваме. Може во некоја земја да ви се случат избори, и само од процедурални причини да има одредено доцнење. Целта ни е да не оставаме ништо на случајот. Да не дадеме шанса за било какви дилеми“, изјави Шеќеринска.
Таа на прашањето за тоа дали се испеглани разликите со Турција изјави дека по сите сигнали што ги добиваме од Турција „е дека веднаш после овие локални избори и враќањето на нивниот парламент во нормално функционирање дека очекуваат ратификација“.
Таа денеска беше дел од Северноатлантскиот совет во Брисел, каде што состаноците беа посветени на буџетирањето на одбраната и мисијата во Авганистан.