Груевски и Богоевски досега не поднеле барање до Собранието за апанажа
Пратениците Никола Груевски и Павле Богоевски кои поднесоа оставка на функцијата не поднеле барање до Собранието за апанажа, информираше претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната средба со новинарите.
Груевски оставката ја поднесе од Унгарија, каде доби политички азил, кога во Собранието беше поднесено барање за одземање на неговиот мандат. Богоевски поднесе оставка по објавената аудио снимка, за набавка на нелегална супстанца, за која тој наведе дека станува збор за масло од канабис.
Тие имаат рок од 30 дена да поднесат барање за апанажа, која би им се исплаќала во рок од една година по престанок на мандатот.