Хант би му понудил место на Џонсон во владата
Британскиот министер за надворешни работи и кандидат за премиер на Нова Британија, Џереми Хант, рече дека ќе му понуди на противникот и на поранешниот шеф на дипломатијата на Борис Џонсон работа во која било идна влада што ќе ја предводи. Тој изјави дека Џонсон има одличен талент и дека секогаш треба да има значајна улога во справување со работите.
"Се разбира дека би сакал да го имам Џонсон во својот кабинет", рече Хант во обраќањето пред членовите на Конзервативната партија и додаде дека би сакал да работи за Џонсон, доколку поранешниот министер биде избран за премиер.
Џонсон и Хант влегоа во последниот круг гласање за нов премиер, а засега предност има поранешниот шеф на британската дипломатија.