Стевановиќ - Стихијно се стипендираат студенти во странство
Генерално нема ништо лошо во тоа да се стипендираат млади луѓе на престижни универзитети, но овој проект и тогаш, а и сега се спроведува без никаква логика, без никаква дефинирана конкретна потреба, ниту цел, ниту механизми за мерење коишто ги дава, вели професор Маја Стевановиќ од ФДУ во неделното интервју на Радио Слободна Европа.