Путин пристигна во Минск на затворањето на Европските игри
Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во белорускиот главен град Минск да присуствува на церемонијата за затворање на вторите Европски игри.
Таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон исто така ќе усчествува во денешниот настан на стадионот на Динамо во Минск, заедно со белорускиот лидер Александар Лукашенко.
Лукашенко рече дека не ја исклучува можноста за трилатерална средба со претседателите на Русија и Тасџикистан за време на нивните посети.
На 10-дневните игри во Минск учествуваа повеќе од 3.600 спортисити од 50 земји на околу 200 настани во 15 спортови.
Русија освои најмногу медали, односно 93 по што следеа Белорусија и Италија.
Путин замина за Минск од сибирскиот град Братск каде одржа разговори посветени на поплавите кои го погодија регионот Иркутск. Рускиот претседател претходно присуствуваше на самитот Г20 во Јапонија.