Експлозија и престрелка во Авганистан, една жртва и десетици повредени
Најмалку едно лице загинало, а 65 се повредени во експлозија на автомобил бомба во главниот град на Авганистан, Кабул проследена со престрелка меѓу вооружена група и безбедносните сили.
Талибанците ја преземаа одговорноста за нападот, кој е спроведен по два дена од отпочнувањето на нова рунда преговори меѓу милитантите и САД во Катар кои имаат за цел да стават крај на конфликтот во земјата кој трае речиси 18 години. Нападот се случил за време на сообраќаен метеж и експлозијата се почувствувала и на два километри оддалеченост. Меѓу повредените има и девет деца.