Во поплавите во Русија загинале 14 лица
Руските власти соопштија дека од поплавите во Сибир животот го загубиле најмалку 14 лица, а хоспитализирани биле 191 лице. Руски медиуми јавија дека илјадници домови биле поплавени по поројните дождови. Тринаесет лица се водат за исчезнати.