Пожар во руска воена подморница, загинале 14 морнари
Во пожар што избувнал во руска воена подморница загинале 14 морнари, јавуваат руските новински агенции, повикувајќи се на руското министерство за одбрана.
Подморницата за истражување длабоки води спроведувала воен надзор во руски територијални води, пренесе Ројтерс, во веста за пожарот.
РТ јавува дека причината за пожарот, засега е непозната.