Експлозија на цистерна во Нигерија, над 50 мртви
Над 50 лица загинале во нигериската сојузна држава Бенуе во експлозија на цистерна, јавија новинските агенции, повикувајќи се на информациите од локалните медиуми.
Портпаролот на регионалната влада изјави дека цистерната полна со гориво се превртела и луѓето почнале да го собираат остатокот од горивото во неа, при што избил пожар и загинале 50 лица. Во несреќата се повредени десетина лица.