Нова комисија ќе одлучува за помилувањата
Формирана е нова Комисија во кабинетот на претседателот која што ќе одлучува за помилувањата. Во неа се јавниот обвинител Љубомир Јовески, претседателот на Адвокатската комора и поранешен министер за внатрешни работи Љубомир Михајловски, Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет, Билјана Петковска од МИМ.
Како што соопшти Кабинетот на претседателот, претседател на Комисијата е поранешниот судија во Врховниот суд Сабит Кранли, а останатите членови се државниот правобранител Фехми Стафа, универзитетскиот професор Темелко Ристевски, поранешниот судија во Врховниот суд Сафет Алиу, судијата во пензија Божин Аврамовски, лекарите Ерол Рушид и Зора Митиќ.
Претседателот Пендаровски кој учествуваше на седницата а формирање на нова комисија изјви дека при изборот се водел од нивните исклучителни биографии и нивното професионално искуство, соопшти Кабинетот на преседателот.