Вагоните тргнати од пругата кај кумоновско Черкези
Отстранети се вагоните од товарниот воз кои се излизгаа од пругата кај кумановско Черкези соопштија надлежните од ЈП Македонски Железници Инфраструктура и Македонски Железници АД Транспорт. Тие велат дека единаесетте вагони во текот на денот се отстранети од пругата и котурите тешки од 25 до 27 тони се тргнати покрај локалниот пат, со што се овозможени услови за санација на пругата која до вечерва треба да биде оспособена за сообраќај.
Причината и предизвиканата штета за несреќата најавија одговорните ќе ги соопшти стручна комисија. Еден од ваков тип на вагони чини од 80 до 100.000 евра.